Популарните српски пејачи извадија телефони да го снимаат: Слушнете како Огнен Здравковски ја испеа „Зајди, зајди“ (ВИДЕО)

Браво!

Популарниот пејач Огнен Здравковски пред неколку дена гостуваше во една од најпопуларните музички емисии на водителот Горан Чомор – „Пред Фајронт“.

Покрај Огнен, гости во истата емисија биле и популарните пејачи: Вања Мијатовиќ, Викторија Бурсач и Фатмир Сулејмани.

Огнен на барање на водителот ја запеал една од најпознатите македонски песни „Зајди, зајди“ и со неговата маестрална изведба ги оставил со подотворени усти гостите, водителот и сите позади камерите…

Слушнете:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ognen Zdravkovski (@ognenzdravkovski)

Ова видео многу потсетува и на она гостување на една српска емисија, каде нашата музичка икона Тоше Проески пред десетина години ја изеведе истата песна и се случи молк во студиото…

Инаку Здравковски за неколку дена ќе го промовира и видеоспотот за неговата најнова песна со која настапи на „Макфест“, „Порок“. Спотот за истата познатиот пејач го сними со професионална екипа во Белград, а покрај Огнен, во него се појавува и позната српска манекенка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.