Погледнете во станот на Марија Шерифовиќ, вреден 200.000 евра! (ФОТО)

Луксуз

Фото: Инстаграм

Пејачката Марија Шерифовиќ го покажа станот од 80 метри квадрати, за кој пред три години дала 200.000 евра, а тој се наоѓа во една елитна населба во Нов Белград.

Во луксузниот кварт соседи на евровизиската победничка ѝ се Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ и нејзиниот кум Стеван Анѓелковиќ.

Марија често на Инстаграм споделува објави кои ги снима во својата оаза на мирот, па на снимките се наѕира како го опремила својот животен простор. Скоро се’ е во светли бои, додека мебелот е нешто потемен.

Во дневната соба се наоѓа голема аголна гарнитура, домашно кино и секакви полици, а исто така на ѕидовите има и икони кои веднаш се забележуваат.

Во спалната соба има француски кревет, украсен со перници. Покрај него е сместен и огромен бел орман со големо огледало.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.