Почнале да живеат заедно по врска од 4 дена: Сопругот на Тијана Дапчевиќ ја изнерверил со келнерка, таа му простила! (ФОТО)

Турбулентно

Љубовната приказна на Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан е доста необична. Тие двајца се во брак повеќе од 20 години, а зад себе оставија доста бурен период.

Тијана и Милан се запознале на кошаркарски натпревар во Сомбор, а по четири дена забавување, започнале да живеат заедно. Во 2001 година на 28-ми април се венчале.

Меѓутоа, неколку години подоцна, нивниот брак го потресе скандал.

Милан тогаш бил фатен во непријатна ситуација со една келнерка, а како што медиумите пренесоа, Тијана му го простила овој „излет“ и повеќе никогаш не зборувала за тоа.

Меѓутоа, во 2015 година се појави вест за брачна криза. Објавено беше дека Тијана се разведува. Имено, пејачката некое време живеела сама, а подоцна сфатила дека сака да му прости, бидејќи сфатила дека не може без него.

Изјавила дека нивниот брак не е идеален, но дека опстојува благодарение на љубовта помеѓу нив двајца.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.