Северина облече фармерки од 1.000 евра! Кога виде како ѝ прилегаат, им кажа „збогум“ на фустаните (ФОТО)

Пејачката неодамна се пожали дека не може да се вовлече во старата облека.

Пејачката Северина Вучковиќ ги воодушеви своите фанови со настап во Пореч, а нејзиниот стајлинг не можеше да помине незабележан. Имено, таа за оваа пригода облече многу необични фармерки, од модниот бренд Mugler, чија цена е над 1.000 евра.

Имено, тексас-панталоните имаат многу необичен крој и по целата должина на ногата имаат постава во боја на кожа, а Севе со нив искомбинирала топ кој е идентичен на фармерките.

Со овој аутфит популарната пејачка искомбинира сребрени сандали, а фановите постојано ја опсипуваа со комплименти на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Убава и презгодна жена“, „Комбинезонот одлично ти стои“, „Севе е кралица на стилот“, „Ти нема рамна – ова беа само дел од коментарите на фановите на пејачката.

Да потсетиме, пејачката неодамна откри дека накачила некој килограм плус, па не може да ги носи старите тесни фустани, но не сака да се оптоварува со тоа.

Сакав да облечам стари фустани, но еве една добра вест, Северина се здебели – откра пејачката за РТЛ.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.