Живее во село на Алјаска, до неа може да се стигне само со авион: За да купи леб и млеко, мора да помине 320 км!

Го обожава својот необичен живот

Една девојка опишала како изгледа нејзиното секојдневје во изолирано село на Алјаска

Таа живее во најдалечното село на Алјаска, Порт Алсворт, до каде што може да се стигне само со мал авион, а најблиската продавница е оддалечена 320 километри. Таму живее Салина Алсворт, која опишала како изгледа нејзиниот ден.

Како што вели, нејзината утринска рутина зависи од годишната доба и од времето. Во зима не гледа многу сонце.

„Налето сонцето излегува многу порано одошто станува, а во зима, неколку часа подоцна, ако времето воопшто ни дозволи да го видиме. Се будам во 6:45 часот, појадувам обичен појадок, поминувам неколку минути во тишина со мојата мачка и потоа го завршувам утринското чистење пред да одам на работа“, раскажала таа.


Салина открила дека живее на неколку минути пеш од воздушното такси на нејзиното семејство, каде што помага во текот на зимските месеци, па ѝ треба повеќе време да ги навлече панталоните за снег, јакната, капата и ракавиците одошто ѝ треба за да стигне на работа.

„Зимските денови ги поминувам координирајќи летови во и надвор од селото. До 8 часот наутро поминувам низ полн хангар за авион, што го делиме со други, пред да се сместам во диспечерската канцеларија. Работам на биро, ги следам летовите, го координирам товарот и телефонски разговарам со луѓето во малите околни села, во кои нашите авиони слетуваат за да ги соберат и одвезат патниците и товарот“, продолжила таа.


Налето возат бродови помеѓу одредени села, а во зима, некои луѓе го превезуваат товарот со моторни санки преку замрзнатите езера.

„Но за да отпатуваме до Анчорагеа и назад, да одиме на лекар, да купиме намирници или едноставно да шетаме низ Таргер (тамошниот трговски центар), мора да летаме со авион или воопшто нема како да патуваме“, раскажала оваа девојка.

„Нашата флота варира од мали авиони што можат да слетаат во тундра до релативно поголеми кои примаат до девет патника. Тие авиони за нас се како јавни автобуси, приватни лимузини, поштенски камиони, колички со намирници, достава на пица, возила за брза помош и уште многу други работи што им се потребни на луѓето кои живеат овде.“


Нејзиниот работен ден завршува во 13 часот. Ѝ останува доволно време за долги прошетки и приватни обврски што сака да ги заврши.

„Понекогаш одам до пошта, а кога денот е убав, едноставно сакам да бидам надвор. Понекогаш ја замолувам мајка ми или некој од роднините да ми се придружи на прошетката“, додала таа.


Вели дека поштата се наоѓа на другиот крај од нејзиното место и дека е повеќе од километар оддалечена од нејзиното место. Но во текот на зимата мора да се облече многу топло без оглед што не е толку далеку.

Нејзиното село брои околу 130 жители и сите добро се познаваат.

Добивате 60.000 долари доколку се преселите во ова шармантно италијанско село (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.