Добивате 60.000 долари доколку се преселите во ова шармантно италијанско село (ФОТО)

План за населување и за негово закрепнување

Селото за почеток бара 10 нови жители или пет брачни парови. Избраните кандидати треба да бидат постари од 18 години и помлади од 40 години и треба да бидат подготвени да живеат во селото најмалку пет години

Санто Стефано ди Сесанио во италијанскиот регион Абрузо им нуди на жителите станица за живот – да се преселат во нивното идилично село на 1.250 метри надморска висина и да почнат со сопствен бизнис, а за тоа би добиле парична помош во вредност до 60.000 долари.

Ова планинско место на југот од Италија има вкупно 115 жители, а поголемиот дел од нив се на возраст од 60 до 70 години. Помалку од 20 луѓе се помлади од 13 години поради што градоначалникот Фабио Сантавика стравува за нивната иднина.

Токму поради тоа, тој направил план за населување на местото и за негово закрепнување.

Санто Стефано ди Сесанио бара нови жители од места со популација поголема од 2.000 жители. Не сакаат да ги иселат своите луѓе од просторот кој исто така има недостиг на млада работна сила.

Градската управа се обврзува на секој нов жител да му исплаќа месечен надомест од околу 800 долари, односно максимално околу 10.000 долари годишно во првите три години од престојот.

Ќе им биде доделена и куќа за живеење со минимална кирија. Најважиот услов е жителите да бидат подготвени да покренат свој сопствен бизнис за што можат да добијат еднократна помош во висина од 20.000 евра.

Особено се бараат луѓе што би отвориле амбуланта, прехранбени продавници, сервис за чистење и поправки, односно туристички водичи за околното подрачје.

Селото за почеток бара 10 нови жители или пет брачни парови.

Повеќе информации може да најдете на официјалната страница на општината Санто Стефано ди Сесанио.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.