Седнала во ресторан во Грција и нарачала риба: „Кога ми стигна сметката, за малку ќе се онесвестев!“

Ова не е нормално!

Ова искуство на една жена во грчки ресторан многумина ги изненади, со оглед на тоа што се верува дека Грција не е толку скапа за летување

И оваа година Грција е омилената туристички дестинација за многумина, а островот Миконос е еден од најпосакуваните. Покрај добрите забави и прекрасни плажи, таму може да ве дочека и по некое непријатно изненадување.

Капетанката на брод Кејт, на ТикТок открила дека доживеала шок кога нарачала риба во локален ресторан, за која излегло дека е од „луксузна“ сорта.

„Денес купив фустан на Миконос и фустанот беше поевтин од рибата што ја јадев вчера за ручек. На прв поглед, се чини дека тоа е прилично рационална зделка, но ако ви кажам дека рибата што ја јадев вчера за ручек чинеше 616 евра… Дали знаев дека чини 616 евра? Не знаев, не го погледнав менито, бидејќи се водев по препорака. И тоа беше мојата прва грешка, бидејќи тука луѓето се многу љубезни и прекрасни, храната беше превкусна, друштвото беше без конкуренција, искуство што би го повторувала одново и одново, со претпазливоста дека би прашувала колку чини сето тоа, бидејќи не сум пораснала на вакви места, па дури и ни како возрасна жена не сум одела често на вакви места и тоа беше голема лекција за мене“, раскажала Кејт во видеото.

@captainkatemccue This one tipped the “scales” for lessons learned. #travel #tip #oops ♬ original sound – captainkatemccue


Со оглед на тоа што била убиена во поим поради цифрата што ја платила, Кејт, после сè, се пошегувала на своја сметка.

„Морам да кажам дека рибата беше апсолутно превкусна и одлучивме дека мора да има име, бидејќи кога чиниш толку многу и задоволуваш толку луѓе, заслужуваш име, па ја нарековме нашата риба ‘Златна’ како Голди Хоун, но најмногу поради тоа што буквално можете да купите злато за таа цена“, раскажала Кејт.

Како што истакнала, немала намера да се фали, туку да ги предупреди другите на цените, бидејќи ако не се информираат, може да им се случи вакво непријатно изненадување.

10 работи кои треба да ги направите ако одите на одмор на Миконос
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.