Ова е вистината за земјата од соништата: Во кафуле секој си ја плаќа својата сметка – тајна е колку заработува партнерот!

Учителката Марија открива

Ако живеете во Швајцарија и соседот ве покани на скара, немојте да се појавувате ако не сте понеле свое месо!

Во Швајцарија пракса е кога седите во кафуле или ресторан со пријателите или со партнерот, секој да си ја плати својата сметка, а ако соседот ве покани на скара, се очекува да понесете свое месо.

Заминувањето во странство подразбира запознавање со обичаи и навики што не сме имале можност да ги сретнеме претходно. Некои од тие навики ќе ни годат, додека некои ќе ни бидат чудни. Своите впечатоци за животот во Швајцарија ги споделила учителката Марија.

Го пренесуваме нејзиниот текст во целост:

„Некаде зад горите и морињата, поточно во подножјето на највисоката планина во Европа, лежи мала, бајковита, алпска земја.

Ако додадам дека секој помислува на неа кога ќе помириса чоколадо или сирење, тогаш сигурно погодувате – Швајцарија е речиси совршена.

Земја во која возовите и луѓето никогаш не доцнат. Затоа што тоа не се случува.

Земја во која секој си ја плаќа својата сметка во ресторан, па дури и сопружниците.

Земја во која сопружниците не знаат колку заработува нивната поубава или посилна половина. Затоа што платата е табу-тема.

Земја во која физичката дистанца како последица на пандемијата никому не му падна тешко.

Земја во која е многу ладно, а ни луѓето не се многу топли.

Земја во која луѓето одат тивко и уште потивко зборуваат. Затоа што тоа е културно.

Земја во која се оди на работа со велосипед. Затоа што тоа е еколошки прифатливо, а не затоа што нема пари.

Земја во која се подразбира тоа дека ако сосед или колега те покани на скара, треба да си го понесеш месото што ќе го јадеш. Месото е многу скапо!

Земја во која за викенд пензионерите се опремени со стапови за планинарење и целосна планинарска опрема. Затоа што тоа е сосема нормално.

Земја во која не се чека на шалтер и не ти недостасува тој еден документ.

Земја во која ништо не е срамота и ништо не се подразбира.

Затоа што Швајцарците не знаат како поинаку!“

Пред една година се преселила во Норвешка: „Еве зошто никогаш нема да се вратам!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.