Објавен е список на „најглупавите земји во светот“: Хрватска е на убедливо прво место – што мислите, дали и ние се најдовме на листата?

Прочитајте

Веб-страницата Top Tens објавила листа на „најглупави земји“ за 2023 година

Според бројни истражувања, Финска е една од најсреќните земји, додека Канада важи за една од најповолните, а сега е објавен еден малку необичен список на земји.

Веб-страницата Top Tens објавила листа на „најглупавите земји“ во 2023 година. Хрватска е на прво, Србија е на четврто, а Босна и Херцеговина е на 18. место.

Имено, 18 отсто од гласачите сметаат дека Хрватска е најглупава. Во коментари се огласил и корисник што тврди дека живеел таму.

„Луѓето ги мразат буквално сите нации и религии. Само прочитајте ги нивните коментари на социјалните мрежи што го потврдуваат тоа. Навистина не се воздржуваат од ширењето омраза на Интернет. За хрватскиот народ, тоа е нормално“, напишал тој.

Зад Хрватска се нашле Соединетите Американски Држави и Северна Кореја. Како што веќе споменавме, Србија е на четврто место со четири отсто од гласовите.

„Сакаа да бидат Голема Србија на штета на нивните соседи, но станаа територијално намалени. Владее голема неписменост, општо незнаење и верување дека Србите се ‘небесен народ’“, смета еден гласач.

Босна и Херцеговина освоила два отсто од гласовите и така го зазела 18. место. Еден коментатор сметал дека „голема казна е да му се припаѓа на овој народ“.

„Луѓето се полни со омраза, завидливи се и лажат дека се религиозни и морални, а 90 отсто од нив се вистински лицемери. Обожаваат да изневеруваат и да зборуваат лошо едни за други. Кога некој е успешен во БиХ, повеќето луѓе ќе дадат сè од себе за да го оспорат неговиот успех“, смета тој.

Погледнете ја топ 10 листата на најглупави земји според оценките на гласачите на веб-страницата The Top Tens.

1. Хрватска
2. САД
3. Северна Кореја
4. Србија
5. Централноафриканска република
6. Сомалија
7. Јужен Судан
8. Велика Британија
9. Хаити
10. Ирак
Финците никогаш не ги прават овие 3 работи: Затоа важат за најсреќниот народ во светот кој живее без притисоци
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.