Најубавото село во Италија е вистински цветен рај: Го обожаваат и фотографите и гурманите!

Таму сите пронаоѓаат вистинско задоволство

Ако барате рај на земјата, одете во Спело – мало италијанско село

За селото Спело, сместено во Умбрија велат дека е најубавото место на светот. Тесните камени и виулести улици накитени со цвеќиња изгледаат како да не се допрени од денешното време. Штом влезете во ова средновековно место, ќе се почувствувате како да сте зачекориле во друга доба. Поради неговиот неодолив шарм, фотографите го обожаваат, но и гурманите, кои тука пронаоѓаат деликатеси за своето пребирливо непце.

Умбрија многумина ги потсетува на Тоскана, особено поради волешбните средновековни гратчиња и брдовити пејзажи, чија убавина го одзема здивот. Спело, сместено на јужните падини на планината Субасио, е дел од клубот „Најубавите села во Италија“, поради своите значајни еколошки, културни и уметнички градини.

Во голем дел, местото го задржало својот изворен изглед, сè уште е опкружено со урнатините на древните римски ѕидини и со многу важни споменици, па вистинско уживање е да се разгледува и истражува.

Неговите тесни улички што се качуваат, спуштаат и нагло ги отвораат погледите кон областа, го повикуваат секого на авантура.

Градското јадро може да се обиколи за 3-4 часа, а една од најважните знаменитости е црквата Санта Марија Маџоре.

Оваа импресивна градба потекнува од 11 век, исполнета е со величествени фрески, што ги насликал познатиот италијански ренесансен уметник Пинтурикио, а според историските извори, им припаѓала на свештениците Камалдоли.

Спело не е посебен само поради својот изглед. Дури и однатре крие единствени ремек-дела, како Римската куќа која се смета за важно археолошко наоѓалиште.

Веројатно била во сопственост на мајката на царот Веспазијан, што се утврдило по ископувањето и реставрацијата, кога биле пронајдени мозаици и обоени плочи.

Цветниот фестивал во Спело

Секоја година кон крајот на мај или почетокот на јуни, во Спело се одржува фестивалот Infiorate del Corpus Domini. Тоа е најважниот и најкарактеристичниот настан, кога градот во целост го покриваат дела направени од цвеќиња.

Многубројни посетители уживаат во различни музички претстави автентични пазари, но и во неверојатната традиција на украсување на градот, која потекнува од 1602 година. Датумот на фестивалот се менува секоја година, бидејќи се одржува деветтата недела по Велигден.

Локалните жители ќе ве дочекаат со насмевка додека седат пред своите куќи, плетат, шијат или едноставно разговараат едни со други. Ако им упатите италијански поздрав, како што е Boun giorno, сигурно ќе предизвикате восхит.

Задолжително испробајте го висококвалитетното маслиново масло по кое е познато Спело, но и тестенините со црни тартуфи, како и неодоливото вино розе.

Посетете го ОСТРОВОТ НА БУДА – Шри Ланка: СИРОМАШНА ЗЕМЈА СО НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.