Ако планирате патување во Грција, заборавете го носењето на овие намирници: Строги забрани на сила!

Може да имате проблеми на царина

Постојат детални прописи што смеете да понесете во Грција

Доколку сè уште не сте отишле на летување, а планирате да отпатувате на море во Грција и да понесете некои намирници со себе за да можете да заштедите малку пари, добро обрнете внимание на следниве прописи.

Имено, во оваа земја од 2016 година се применува забрана за внесување храна произведена надвор од Европската унија. За среќа, изминативе години таа не се почитуваше многу, но сега ситуацијата е малку променета. Сепак, ако се придржувате до одредени насоки, ништо нема да може да ви го наруши летувањето со вашите деца.

Според одредбите на Европската унија, доколку патувате во земја која е нејзина членка од држава што не е во составот на ЕУ, не можете да понесете никакви млечни или месни производи. Од друга страна, можете да спакувате до пет килограми овошје и зеленчук, со исклучок на компири, како и јајца и мед.

Исто така, дозволено е и ограничено количество на риба или рибни производи, поточно 20 кг свежи или преработени видови риба.

Оваа одредба ги опфаќа и млекото за бебиња во прав, храната за доенчиња и посебната храна потребна од медицински причини. Количеството на сето ова не смее да биде поголема од два килограми. Дозволено е да се внесе и истото количество на храна за домашни миленици пропишана поради здравствени причини.

На граница нема да имате проблеми и ако понесете чоколадо, бисквити, вода, сокови, ориз, макарони и слични производи во вредност до 300 евра од патник, односно до 150 евра за помлади од 15 години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.