Ова е песната која ќе не претставува на детскиот Евросонг во Париз! (ВИДЕО)

Слушнете и пишете ни коментар дали ви се допаѓа?

Фото: Инстаграм

Вечеравечер на МРТВ беше промовирана детската евровизиска песна која ќе не претставува оваа година.

Оваа година 19. издание на јуниорскиот избор за песна на Евровизија ќе се одржи на 19 декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз.

Децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ се избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија.

Песната кој вечерва беше промовирана во јавноста се вика „Green forces“, а ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“.

Автор на музиката е познатиот пејач и композитор Роберт Билбилов, додека пак текстот го напиша Робин Зимбаков.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.