Ноемвриската „Убавина и здравје“ е во продажба: Имаме 2 насловни страници во име на промените што треба да донесат нови успеси

Почитувани, сами одлучете која ви се допаѓа повеќе! Нам ни се допаѓаат И ДВЕТЕ!

Драги мои, јас овој ноември чувствувам некоја позитивна енергија затоа што видов промени во себе на кои искрено многу им се радувам. Тие промени во мене веднаш донесоа нови убави нешта и однадвор. Луѓето понекогаш имаат страв од промени, затоа што веруваат дека тие секогаш не се добри, но секогаш не се ни лоши.

Вистината е дека тие секогаш се резултат на нешто. А обично тој страв од промени се однесува на промените што доаѓаат однадвор, не на оние кои тргнале од нас самите. Да бидам искрена, јас подолг период и самата се обидував да променам некои нешта надвор од себе, но без успех. Тоа е во ред, затоа што… можеби некои нешта едноставно се непроменливи.

Тоа не значи дека не се добри, туку значи дека јас треба да престанам да се обидувам.

Е, толку било едноставно! Но прифаќањето на еден таков факт од моја страна е, можам да кажам, неверојатна промена. На мое изненадување, прифаќањето на тој факт наместо да ме разочара, ме ослободи и ме наполни со огромна енергија, која сега гледам, претходно залудно ја трошев.

Признавам дека како на идеалист кој се обидува да го „поправи светот“ многу мудри мисли кои се однесуваат на оваа тема околу промените во себеси до овој момент ми беа далечни, но веројатно, како што кажав, промената е резултат. Верувам дека новата енергија ќе ја почувтвувате и во овој број на „Убавина и здравје“, и посакувам да ви се допадне.

Ако и самите посакувате промени, а не оди, можеби промена на фризурата ќе повлече чекор. Не случајно луѓето го прават тоа… (стр. 46), ако не сте подготвени, шминката е секогаш добар почеток, оваа сезона бидете во тренд! (стр. 37) Ако се обидувате да го промените однесувањето на партнерот, не заборавајте дека мажите и жените се различни, или можеби и не се толку… (стр. 70). Постојат промени што се неминовност, а за нив зборуваме на стр. 64, затоа што добро е да се знае. А ако сте желни за нови искуства, да одиме на патување, тоа е секогаш добра промена! (стр. 79)

И, за крај, една игра на зборови: кога некој ќе се промени, не велете дека се сменил, затоа што тоа не е точно, тој се променил, а и наместо таа констатација, поважно е да се постави прашањето: дали тој може да се замени? Но тоа е дилема за некое следно издание…

Љубовта кон ова сè остана непроменета. Ве сакам!

Јована Стојменовиќ, главна и одговорна уредничка на „Убавина и здравје“

П.С. Имаме дупла насловна во име на промените што треба да донесат нови успеси. Одлучете сами која повеќе ви се допаѓа: 1 или 2?

НА НАСЛОВНАТА: Антониа Гиговска
ФОТО: Мартин Трајановски
МОДНА СТИЛИСТКА: Викторија Бурсаќ
ШМИНКА И ФРИЗУРА: Даниел Николовски

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.