Облека купува на пазар: Овие детали од животот на Констракта можеби ќе ви бидат чудни!

Преку ноќ стана регионална ѕвезда...

Фото: Принтскрин

Пејачката Ана Ѓуриќ, која оваа година ќе ја претставува Србија на Евровизија со песната „In Corpore Sano“, со молскавична брзина се прошири, а со својот неконвенционален пристап,моќна песна, силни зборови и ексцентричност, успеа за само 24 часа да ги освои срцата на публиката.

Со оглед на тоа дека малку се знае за приватниот живот на Ана, ова се некои од деталите кои јавноста до сега немала прилика да ги дознае за моментално најпопуларната уметница во Србија.

Фото: Инстаграм

Малку знае дека пејачката завршила архитектура, дека е горда мајка на две деца, девојче и момче Лена и Никола. Ана е во брак со Милан Ѓуриќ, кој на социјалните мрежи пишува дека и тој завршил архитектура како Констракта. Очигледно е дека тие двајца не се многу активни на социјалните мрежи, но може да се најде по некоја заедничка фотографија.

Констракта преку ноќ стана позната, а како што вели, таа не живее гламурозен живот, напротив. Како што кажала во едно интервју, никогаш не се оптеретувала со брендови и скапа гардероба, па без проблем се облекува и од пазар.

“Генерално, гардероба за на сцена носи Констракта. Да се разбереме, се тоа од витниџ шопови, од Каленич, се за 300, „H&M“ и слично. Некогаш блеснува и нешто фенси. Кога ќе и здосади на Констракта, тогаш ми здосадува и мене – рекла таа.s

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.