„Имам секс два пати дневно, така ја одржувам витата линија“:Тврди дека троши повеќе од 400 калории, без да се заморува со трчање!

Сексуална диета

Инфлуенсерката Рут Телес (26) е уверена дека подобро ја одржува витата линија со сексуални односи два пати дневно одошто да се мачи еден час на лента за трчање, иако оди редовно и во вежбалница

Инфлуенсерката и фитнес-тренерката Рут Телес (26) од Бразил открила дека има многу строг режим за одржување на совршената линија, кој вклучува и сексуална диета!

Таа во едно интервју открила дека има секс два пати дневно за да остане во топ-форма.

Покрај урамнотежената исхрана, која се состои од многу овошје, зеленчук, мешунки со квалитетни протеини и со контрола на јаглехидратите, открила дека дополнително вежба и во вежбалница.

„Сексот два пати дневно е како да трчаш еден час на лента за трчање. Можам да изгубам и повеќе од 400 калории без да се заморувам со трчање. А тоа вреди за трудот!“, вели таа.


Еве како Рут го објаснува ефектот на сексот на нејзината линија: За да ослабите, мора да бидете во калориски дефицит, што значи дека треба да согорите повеќе калории отколку што внесувате со храната и пијалаците.

Сексуалната диета ѝ помага да ги потроши оние калории што не успева да ги потроши во вежбалница, па така се придржува до тој режим. Уверена е дека сексот придонесува и за изградба на нејзините мускули.

Огнената Рут има 209.000 следбеници на Инстаграм, па иако со задоволство признава дека има секс два пати дневно, не сака да открие што точно прави во кревет за да согори дури 400 калории.

„Потрошувачката на калории за време на секс е голема, па затоа на тренинзите во вежбалница повеќе работам на зголемување на силата. Веќе се имам навикнато на таквиот распоред“, вели таа.

Но не е сè до сексот, а тоа се гледа од признанието дека во вежбалница поминува околу 2 часа дневно.

Сексот како лек за телото и душата: Зошто треба да водите љубов што почесто
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.