Наум Петрески со емотивни зборови се прости од Милан Завков: „Македонија сега е уште посиромашна!“

Беа големи пријатели...

И популарниот фолк-пејач Наум Петрески со емотивни зборови се прости од неговиот добар пријател и колега, виртуозот на хармоника Милан Завков, кој почина на само 61-годишна возраст.

За големината како музичар и како човек, Наум пишува во својата објава посветена на него и вели дека Македонија сега е посиромашна…

Неговата објава ви ја пренсуваме во целост:

„Гледам и не си верувам со очиве дали е можно да ни почина Најголемиот наш Милан Завков. Нека ти е светол патот пријателе, ќе бидеш во нашите сеќавања запаметен како скромен и правичен човек, а како музичар стамен, стабилен и виртуоз од светски ранг. Прерано не напушти за жал. Сочувство до цела фамилија Завковки за нивната голема загуба. Македонија е сега уште посиромашна“ – стои во објавата на Наум.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.