Сузана Спасовска скршена од болка: „Миланче, душо моја, другар мој, колега, каде замина одненадеж?“ (ФОТО)

Претажно...

Буквално се шокираше целата јавност, особено музичарите по информацијата дека почина виртуозот на хармоника Милан Завков.

Една од неговите најдобри пријателки и колешки е познатата фолк-пејачка Сузана Спасовска, која преку својот профил на Фејсбук се прости од музичарот…

„Миланче, душо моја, другар мој, колега, каде замина одненадеж? Нели денес ќе си пиевме кафе на нашата клупа како и секое утро? Како без тебе сега? Со кого од срце ќе се смеам и ќе си кажуваме спомени? Мики, нели заедно ќе си одевме во пензија? Каде побрза Мики, каде??? Незнам ни како да помислам, дека веќе нема да те видам… Премногу ќе ми недостигаш !!! Бог нека ти ги отвори рајските порти драг, Маестро Милан! Почивај во мир! Слава ти!“ – стои во објавата на Спасовска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.