Си замина уште еден виртуоз: Почина хармоникашот Милан Завков!

Тажно...

Како гром од ведро небо беше утрово информацијата дека од овој свет си замина еден од најдобрите хармоникаши кои се родиле на оваа почва, големиот Милан Завков.

Шок и неверување е кај многу од македонската музичка естрада, кои преку најразлични објави се опростуваат за последен пат од виртуозот Завков.

Она што може да се забележи во скоро сите објави на неговите колеги, е тоа дека буквално сите за него напишаа покрај тоа што бил врвен во својата професија, пред се тој бил премногу добар човек.

За Милан има многу што да се напишe, македонската јавност го познава и од многуте музички и телевизиски проекти во кои тој учествуваше, многуте фестивали, соработки со колеги и слично…

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.