3 еликсири на здравјето што му прават добро на вашиот организам

Рецепти

Благодарение на разновидните лековити билки, чајот е неверојатно комплексна и мошне вкусна напивка.

Пробајте ги овие креативни мешавини на лековити билки, зачини и плодови што ги избравме за вас и уживајте во овошните, јаткастите – навистина незаборавни -вкусови, кои му прават добро на вашиот организам!

Корејска мешавина за 6 порции

Во тенџере со средна големина ставете 15 сушени плодови шипка, 2 лажици сушен корен од ѓумбир, 3 лажици сушен корен од сладунец, 5-6 круга сушен лотосов корен и 2 лажици сушени гоџи-бобинки. Додајте 5 шолји вода и ставете да зоврие на оган.

Намалете ја температурата на средна до ниска и оставете да се вари 45 минути за да се развијат сите ароми. Исклучете и додајте лажица мед. Процедете го чајот низ густа цедалка. Ставете го во шолји, па во секоја додајте по една лажица пињоли.

Празничен хибискус за 8-10 порции

Во тенџере, ставете 4 ½ шолји вода да зоврие. Тргнете го од оган. Додајте ¼ шолја цветови хибискус, 2 долги парчиња кора од портокал, парче тенко сечен ѓумбир, 3 каранфилчиња, 4 згмечени семки кардамон и ¼ шолја ружини ливчиња.

Оставете да отстои 10 минути, па процедете низ густа цедалка. Додајте 750 мл газиран безалкохолен сајдер, па промешајте да се соединат состојките. Украсете ја секоја шолја од напивката со стапче цимет и сушени брусници.

Овошен црн чај за 6 порции

Зовријте 3 шолји вода, тргнете ја од огнот, па додајте англиски чај. Оставете го 5 минути, па отстранете ги вреќичките чај. Додајте 1 помало црвено јаболко исечено на тенки парчиња, 1 тенко исечен лимон и 2 лажици мед и мешајте додека се растопи. Оставете да отстои 5 минути пред послужувањето.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.