Лејди Гага се „утепа“ од плачење: Морав да прекинам, беше многу опасно! (ВИДЕО)

Пејачката искрена...

Пејачката потоа им се обрати на своите фанови на Инстаграм со видео. Таа не можеше да ги запре солзите.

„Многу ми е жал што не можевме да го завршиме концертот, но невремето беше непредвидливо и сѐ се менуваше од момент во момент“ – рече расплаканата Гага.

Таа додаде дека не знае што би направила доколку нешто му се случело на некој од публиката или нејзината екипа и затоа решила да биде одговорна.

„Ве сакам, во моето срце знаев дека е подобра одлука да внимавам, отколку да го продолжам концертот“ – заклучила таа.

Таа со насолзени очи им се заблагодари и на танчерите, бендот и семејството, нагласувајќи дека „безбедноста е на прво место“.

Гага летово ја одржа турнејата Chromatica ball, која започна во јули, а заврши вчера со концертот во Мајами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.