Овој рецепт го напишала кралицата лично во 1959 година: Пробајте го омилениот десерт на Елизабета Втора!

Задолжително пробајте

Рецептот за омилениот десерт на кралицата Елизабета Втора ќе ве воодушеви

Откако почина кралицата Елизабета Втора, во сите светски медиуми се пишува за нејзиниот живот. Деновиве кружи и рецепт за еден од нејзините омилени десерти – шкотски палачинки.

Имено, како што се нагласува, кралицата лично го напишала во 1959 година и му го испратила на тогашниот американски претседател Двајт Д. Ајзенхауер, кој бил со сопругата во дворецот Балморал за да ја посети Елизабета Втора, а за појадок им биле сервирани таканаречени drop scones, односно шкотски палачинки.

Тоа е еден вид пржено тесто што потсетува на американски палачинки. Десертот толку многу ги воодушевил, што претседателот го побарала рецептот, а кралицата му го испратила по писмен пат. Покрај потребните состојки, кралицата накратко опишала и како се приготвуваат палачинките, а потоа дала и неколку практични совети.

„Кога правам помали палачинки, ја намалувам количината на брашно и млеко, но не ја менувам количината на преостанатите состојки. Исто така, некогаш ги приготвувам така што наместо шеќер користам златен сируп, и тоа може да биде многу вкусно“, напишала Елизабета.

И посебно нагласила дека тестото за палачинки треба прилично долго да се мати, но и дека не треба да стои долго пред да почнат да се пржат палачинките.

Состојки:
  • околу 400 г брашно
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 2 шолји млеко
  • 2 јајца
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 3 лажички вински прашок за печиво (достапен е во подобро снабдените продавници за здрава и органска храна)
  • 2 лажици стопен путер
Приготвување:

Изматете ги заедно јајцата, шеќерот и половина од потребната количина млеко. Додајте брашно во изматената смеса, па повторно мешајте, додавајќи го и преостанатото млеко, содата, прашокот за печиво и путерот. Тестото треба да биде погуста од смеса за обични палачинки, односно не би требало да се растекува.

Овој вид палачинки би требало да потсетува на американските според обликот, па затоа правете помали кругови на тавче чие дно не се лепи.

Подмачкајте го со масло, почекајте добро да се загрее и почнете да ги пржите палачинките. Кога на нивната површина ќе се појават меурчиња, превртете ги и пржете ги на другата страна уште 30-60 секунди, односно додека заруменат.

Добар апетит!

Елизабета Втора го критикувала поранешниот кралски готвач: За една работа кажувала строго НЕ!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.