Златан Ибрахимовиќ на плажа со згодна Русинка: Ниту една жена не би сакала да ѝ е во кожа на Хелена!

Што ли ќе рече кога ќе ја види фотографијава

Што ли си помислила убавата Хелена кога го видела Златан со оваа атрактивна Русинка

Златан Ибрахимовиќ важи за еден од најзгодните и најхаризматични фудбалери на денешницата. Девојките го следат како и да се појави, поради што постојано се шушка дека ја изневерува сопругата на секој чекор.

Така било и овој пат кога Златан престојувал сам во Дубаи, каде што дошол да ја прими наградата Globe Soccer, за сè што постигнал во кариерата.

И додека се одморал и го поминувал времето на плажа, му пристапила една згодна Русинка која нивната заедничка фотографија ја споделила на социјалните мрежи со зборовите:

„Со мојот сакан на одмор. Не можам повеќе да ја кријам нашата романса“, напишала извесната Лина Шок во описот на фотографијата со Златан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lina Shokh (@linashokh)


Секако дека станува збор само за неумесна шега на згодната Русинка, но сигурно дека ваквите објави не ѝ се многу пријатни на Хелена, долгогодишната партнерка на Златан.

Инаку, Хелена која е 11 години постара од Златан, е во врска со легендарниот напаѓач подолго од две децении, а интересно е што сè уште не се венчани.

„Мислам дека ми се допаѓа Златан затоа што можам да му се спротивставам. Имам важно потекла и ја изградив кариерата со многу жртви. Бракот би можел да ми го наруши чувството на независност. Не сакам да ме етикетираат како сопруга на фудбалер. Мислам дека луѓето не се свесни колку напорно учев, работев и се борев во животот“, раскажала Швеѓанката неодамна.

Една од најдолготрајните двојки во светот на фудбалот има два сина, Максимилијан (16) и Винсент (14).

Се зборуваше дека ја изневерува и дека има љубовница на секое ќоше, но Златан Ибрахимовиќ ја сака само 11 години постарата сопруга
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.