Ѕирнете во продолжението на „Сексот и градот“ (ВИДЕО)

Првиот трејлер е тука!

Фото: Printscreen Instagram

Откако излезе веста дека се снима продолжение на култната серија „Сексот и градот“, обожавателите ширум светот со нетрпение го очекуваат. Датумот кога повторно ќе може да ги гледаме омилените актерки е сè поблиску, а сега излезе и првиот трејлер од продолжението наречено „And Just Like That“.

Приказната ги следи њујорчанките во нивните 50-ти години од животот и проблемите со кои сите жени се сретнуваат во оваа доба. Она што сигурно не е сменето е нивното пријателство, како и авантурите кои едвај чекаме да ги гледаме.

Покрај новите изненадувања, оригиналната постава е иста – Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон во улогите на Кери, Шарлот и Миранда и Крис Нот во улога на Ѕверката.

Видео: Youtube

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.