Починала актерката од „Сексот и градот“: Сара Џесика Паркер со трогателни зборови се збогувала со драгата колешка

Тажна вест

Со трогателни зборови се збогувала со актерката што играла во ТВ-серијата „Сексот и градот“: „Беше привилегија…“

Актерката Френсис Стернхаген, која на многумина им беше позната по улогата во серијата „Сексот и градот“, починала на 93 години од природна смрт во својот дом во Њујорк, а нејзиното семејство објавило соопштение во кое ја потврдило оваа информација.

„Продолжуваме да се инспирираме од нејзината љубов и живот“, кратко напишале.

Меѓу нејзините бројни улоги, најпозната е онаа во ТВ-серијата „Сексот и градот“, каде што глумеше од 2000 до 2002 година. Со неа синоќа се збогува Кристин Дејвис (Шарлот Јорк), која ја играше нејзината снаа, а денес, порака во нејзина чест објавила на Инстаграм уште една хероина од култната ТВ-приказна, Сара Џесика Паркер.

„Класа. Беше привилегија да се работи со тебе и чест ми е што те познавав. Знам дека истото го мислат сите што те познаваа и работеа со тебе. Беше прекрасно човечко суштество и актерка. Почивај во мир Франсес Стернхаген и биди благословена“, напишала Сара Џесика Паркер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SJP (@sarahjessicaparker)

Франсес играла во познатиот филм Driving Miss Daisy, па во ТВ-сериите Cheers (за која што добила две номинации за награда „Еми“), Misery и ER. Улогата во култната серија „Сексот и градот“ ѝ донела уште една номинација за признанието „Еми“.

Синот на актерката Џон Карлин ја потврдил тажната вест на Инстаграм, каде што го напишал следново за својата мајка:

„Франи. Мама. Мама. Франсес Стернхаген. Во понеделник вечерта, на 27. ноември, почина мирно во својот дом, еден и пол месец пред својот 94. роденден… Само напред, Франи. Се спушта завесата над животот што толку богато, страсно, скромно и великодушно го проживеа.“

Франсес Стернхаген е добитничка на две награди „Тони“, и двете во категоријата главна актерка (The Heiress и The Good Doctor). Повеќепати била номинирана за ова признание. Телевизиската публика ќе ја памети и по улогата на мајката Кира Сеџвик во серијата The Closer.

Во текот на својата кариера, Стернхаген играла ликови што имале моќен став и смелост, а посебно уживала во интерпретацијата на ликови кои биле чудни и ексцентрични.

Зад себе оставила бројни филмски улоги: Misery, Bright Lights, Big City, Julie & Julia, The Hospital и 1983’s Independence Day. Пред 10 години ѝ била врачена наградата „Оби“ за животно дело.

Била омажена за актерот Томас Карлин, кого го запознала на факултет, а биле заедно од 1956 до 1991 година, односно до неговата смрт. Зад себе оставила шест деца, ќерките Аманда и Сара и синовите Тони, Пол, Питер и Џон, како и девет внучиња и две правнучиња.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.