Легендарната Ким Катрал откри зошто одлучила да нема деца: Донела тешка одлука поради една причина!

Шоубизнис

Актерката, која најголемата слава ја стекна со улогата на Саманта во серијата „Сексот и градот“, на 41 година одлучила дека нема да стане мајка, па сега проговори како дошла до таа одлука.

Како што објаснила Ким Катрал (64), одлуката да нема деца ја донела уште додека играла во серијата „Сексот и градот“. Таа откри дека таа и нејзиниот партнер се обидувале да добијат дете и активно работеле на тоа.

Беше тоа во 1998 година, и практично се претворив во научен експеримент… Моравме да имаме односи во точното време… Едноставно, немаше начин да останам здрава, со добро емоционално и физичко здравје, и да работам 19 часови на ден, изјави Ким во подкастот.

Таа објасни дека во тоа време веќе имала 41 година.

Заклучив дека морам да донесам одлука за мое добро. Сакам да работам, мојата работа е мојот пасош за независност, слобода и образование. Така, помислата на тоа во моите 40-ти, каде што дополнително бројот на сценарија напишани за мене се преполови затоа што повеќе не се сметав за млада дама. Моите улоги ги преземаа помлади жени, изјави актерката. Таа додаде дека е одлично што денес Холивуд им нуди улоги на жени во шеесеттите години.

Како што истакна, била свесна дека можела да направи се’ како што треба и сепак не успеала да забремени.

Размислив и одлучив дека не знам дали можам да го направам тоа, мислам, можевме да направиме се што нареди докторот, а сепак да не успееме. Можевме да го направиме сето тоа буква до буква, а да е сеедно ако не успеам да забременам. И така размислував за мојата благосостојба и решив дека ќе најдам друг начин да се остварам како родител, изјавила актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

„Мислам дека тоа беше моментот кога решив дека не сакам да имам деца“, заклучила актерката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.