Врвни експерти на едно место: Симпозиум во чест на 20-годишниот јубилеј на д-р Жан Митрев

На 1 март, но пред 20 години, започна со работа првата специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, предводена од академик д-р Жан Митрев.

Од една операциона сала и 12 кревети, болницата прерасна во модерен центар со највисоки стандарди и многубројни призанинија. Инаку, првиот пациент кој му го довери срцето на академик Жан Митрев беше 55-годишниот Коста Шапков од Кочани. Минатата година кардиохирургот го постави и првото вештачко срце во Клиниката.

Денес „Жан Митрев клиник“ е еден од најмодерните и најреномирани болници во регионот.

Жан Митрев клиник е меѓународно вистински акредитирана, од регионот во Грција има само една таква болница, која сепак не може да се носи со нас, што ми дава за право да кажам дека постигнавме огромен успех за 20 години, вели д-р Жан Митрев во разговорот за „Слободен печат“. „Направив многу, но најголем успех е оваа болница, многу успеси се постигнати и мене лично тие ми прават големо професионално задоволство, затоа што успехот и резултатите се препознаени и на меѓународно ниво.“

Јубилејот од 20 години денес беше одбележан со симпозиум на тема: „Развој на кардиоваскуларната хирургија во последните 20 години“, кој почна напладне итраеше до 17 часот.

На него учествуваа низа врвни стручњаци од оваа област: проф. д-р Марко Турина, поранешен директор на клиниката за кардиоваскуларна хирургија при Универзитетската болница во Цирих, Швајцарија и поранешен претседател на Европското здружение за кардиохирургија; проф. д-р Мартин Костолни, директор на одделот за клинички услуги за кардиоторакална хирургија, Грејт Ормонд стрит – болница, Лондон, Англија; проф. д-р Џорџ Е. Саррис, директор на Институтот за срцева хирургија Атина, Грција; проф. д-р Стивен Бибевски – Џо Димаџио“ детска болница институт за срце, трансплантација на срце и механичка срцева поддршка, Холивуд, Флорида, САД; проф. д-р Слободан Илиќ, директор на одделот за кардиохирургија при Универзитетска детска клиника „Тиршовa”, Белград, Србија; проф. д-р Дитмар Шранц, Детска кардиологија, Универзитет „Јохан-Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија; проф. д-р Сотириос Прапас, директор на одделот за кардиохирургија „Хенри Дунант“ болнички центар, Атина, Грција; проф. д-р Иван Кнежевиќ, директор на центарот за трансплантација, оддел за кардиоваскуларна хирургија, Универзитетски клинички центар Љубљана, Словенија; проф. д-р Јорг Бабин Ебел, Клиника за кардиоваскуларна хирургија, „Бад Нојштадт“, Германија, проф. д-р Бојан Биочина, директор на одделот за кардиохирургија при Универзитетска болница „Ребро“, Загреб, Хрватска; д-р Милан Миовиќ, општа болница „Медигроуп“,Белград, Србија; проф. д-р Антон Мориц, поранешен директор на одделот за кардиоваскуларна и торакална хирургија на Универзитетската клиника за торакална и кардиоваскуларна хирургија во Франкфурт, Германија. Честа да го заокружи симпозиумот му припадна на акад. д-р Жан Митрев, директор на „Жан Митрев клиник“.

По завршувањето на симпозиумот (по 17 часот) за сите гости беше предвидена коктел-забава со богата програма, во чии рамки дружењето продолжи во неформална и опуштена атмосфера, со срца отворени за размена на мислења, насмевки и убава енергија за која дополнително ќе се погрижат музичкиот виртуоз, уникатниот Павле Камилоски во придружба на камерен оркестар, како и музички хирург Влатко Стефановски, кој заедно со својата придружба ќе ја зачини славеничката атмосфера.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.