Сè уште се зборува за јубилејниот концерт на Сале Певац на „Боемска улица“: Публиката бара секоја година ваков концерт! (ФОТО)

Сакаат реприза следна година!

Се уште се зборува за јубилејниот концерт на еден од најдобрите „мајстори“ за забава, Сашо Јаневски или на публиката познат како Сале Певац.

Сале пред неколку дена одржа концерт за паметење на „Боемска улица“ во Скопје, а причина за тоа беше 25 години јубилеј и едно заокружување на многуте настапи, концерти, прослави, приватни забави што го има направено наназад низ годините.

На „Боемска улица“ се собраа повеќе од 1.500 гости, а помеѓу нив беше и премиерот Димитар Ковачевски, луѓе од јавниот живот, колеги на Сале, спортисти, бизнисмни и многу други…

За да изгледа на високо ниво, Сале и неговата екипа на соработници овој настан го организираа беспрекорно. Одличен „стејџ“, професионално озвучување, светло, професионални музичари и добрата забава беше загарнтирана…

Она за што најмногу му забележуваат на Сале, е тоа што публиката бара од него секоја година да прави вакви концерти и сето тоа да прерасне во традиција.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.