Во црвено од глава до петици: Меган Маркл не престанува да воодушевува со модните избори!

Ви се допаѓа?

Принцот Хари и Меган Маркл пристигнале во Њујорк и првпат по раѓањето на ќерка им Лилибет, одлучиле да продолжат со своите промоции и работата во хуманитарни цели, која ја основале откако го напуштиле кралскиот двор и сите должности

Познатата двојка одлучила во Њујорк да им се приклучи на најголемите ѕвезди во настанот организиран за да ја промовира вакцинацијата против коронавирусот. Покрај Меган и принцот Хари, ќе учествуваат Елтон Џон, Били Ајлиш, Џенифер Лопез и многу други. Настанот ќе трае цели 24 часа.

Двојката веќе го посетила меморијалниот споменик за настраданите во 9/11, а подоцна Меган со сопругот Хари во едно училиште во Харлем ја промовирала својата детска книга со наслов „Клупа“.

За оваа пригода поранешната војвотка од Сасекс облекла интересен комплет во црвена боја. На нозете исто така носела црвени стилето чевли. Косата ја пуштила, а црните очила за сонце само го надополниле целиот стајлинг.

Како ви се допаѓа ова издание на Меган Маркл?

Во посета на Њујорк: Прво појавување на Меган Маркл во јавност по породувањето, актерката во совршена форма!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.