20 дена јадела тиква: Еве како си го подобрила здравјето!

Неверојатно

Не ни верувала дека ќе се случи такво нешто, но обожавала тиква и издржала во тоа да ја консумира секој ден во период од 20 дена

Една жена одлучила да спроведе експеримент: решила да јаде тиква 20 дена секој ден, за да види како тоа ќе ѝ го подобри здравјето. Не ни претпоставувала дека толку брзо ќе се случат првите позитивни резултати. Еве што се случило!

За 20 дена:

  • Таа се ослободила од трите килограми што отсекогаш ѝ биле вишок. Тоа е така затоа што тиквата содржи голема количина на влакна, кои го заситуваат телото и подолго време даваат чувство на полн стомак. Самата тиква е нискокалорична, па вечерата со тиква не ја расипува фигурата.
  • Кожата на лицето ѝ се затегнала и станала блескава. За тоа очигледно било дека придонела тиквата, која го прочистува телото од отрови и разни токсини, а лицето само го отсликува тоа што се случува во нашето тело.
  • Ѝ се подобрила дигестијата, што значи дека столицата ѝ се нормализирала. Претходно често ја мачеле тие проблеми, но изгледа тиквата ги решила.
  • Смета дека тиквата ѝ го подобрила видот. Откако работела на компјутер имала проблеми со заматен вид. Но откако почнала да јаде тиква, не ги чувствувала тие проблеми.

Горенаведените причини ѝ биле доволни за да одлучи и понатаму да продолжи да јаде тиква што е можно почесто. Ова се рецептите што таа најчесто ги приготвува…

Крем-чорба од тиква

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 морков
  • 1 компир
  • половина килограм исчистена тиква
  • вода
  • зачини

Приготвување:

На малку масло продинстајте кромид и лук, па додајте го преостанатиот зеленчук. Прелејте го со вода и оставете го да се вари околу половина час. Потоа, со миксер изматете го зеленчук и претворете го во пире. Додајте зачини и послужете!

Ризото со тиква

Состојки:

  • 1 шолја ориз
  • 1 шолја исчистена тиква, исечкана на коцки
  • 2 шолји пилешка супа (или вода)
  • 1 мал кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 поголем морков, исечкан на коцки
  • 1 шолја пченка
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку сол, бибер, куркума

Приготвување:

На масло пропржете ги кромидот и лукот, па додајте ги морковот, тиквата, пченката. Додајте малку вода, па оставете ги да се крчкаат. Потоа, додајте ориз и зачини. Промешјате. Сипете пилешка супа или вода и оставете ја малку да врие. По 10-тина минути, тргнете го ризотото од рингла.

Шпагети со тиква

Состојки:

  • неколку листови жалфија
  • половина килограм исчистена тиква
  • 2 чешниња лук
  • малку сол
  • бибер
  • куркума
  • вода
  • масло
  • шпагети

Приготвување:

На масло пропржете ја жалфијата, па додајте ја тиквата исечкана на коцки. Потоа, додајте и малку лук. Сипете вода и оставете ја тиквата да се вари околу 20 минути. Кога ќе се свари, додајте ги зачините и направете пире од неа. Потоа, сварете ги шпагетите, па во нив додајте го преливот од тиква. Уживајте!

Магија со вкус на тиква: 6 фантастични рецепти со овој сезонски плод!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.