„Викнав полиција заради насилство, овој пат сум принудена…“: Драма во домот на Карлеуша, спроти Божиќ изби конфликтот со Душко

Му се обрати на адвокатот

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ веќе подолго време имаат проблеми во бракот. Јелена неодамна гостуваше во емисијата „Први ред“ и по тој повод откри детали од нивната врска. Пејачката откри дека живеат заедно со децата во иста куќа и дека сè уште не се развеле.

Ме изнервира Душко Тошиќ, па морав да го казнам со еден пост, но не се разведовме. На хартија, не се разведовме и сè уште живееме во иста куќа. Односите се специфични, не знам како да се изразам без повторно да ми се јави неговиот адвокат. Жално е што дури и го спомнувам неговиот адвокат, но ќе кажам една голема вистина и ќе ставам точка. Животот на Душко нема смисла без мене. Тоа е една голема вистина. Тој не постои без мене. Сè уште живееме многу убаво со нашите деца во нашите четири ѕида. Мама и тато не функционираат. Ова е тажната приказна на секој друг брачен пар во Србија. Бракот како институција пропаѓа пред сè поради машкото непочитување кон жената, тоа, за жал, е голема вистина – рече Карлеуша.

Јелена сега ја изнервираа наводите во медиумите дека не сака да му даде развод на Душко. Таа јавно се огласи преку својот инстаграм-профил и ги демантираше овие написи.

Точно е дека изјавив дека животот на мојот сопруг нема смисла без мене. Тоа е мојот цврст став. Од друга страна, го демантирам овој наслов и дека сум изјавила дека нема да му дадам развод на мојот сопруг. Има снимка од емисијата и тој дел едноставно не постои. Овој наслов е чиста измислица (на медиумот), иако се договоривме да бидеме коректни, јас им дадов и ексклузивно интервју за Нова година – напиша Јелена, а потоа додаде:

Мојот сопруг може слободно да поднесе барање за развод во секое време. Барем досега не го направил тоа и никој не го спречува. Барем јас не. Јас и Душко живееме заедно со децата во иста куќа. Наместо да го заштити семејството од јавна злоупотреба (доволно е и тоа), Душко преку адвокат контактира со таблоидот кој му нанесе толкава штета на нашето семејство?! Вистинските мажи не го удираат своето семејство и не ги вклучуваат јавноста и таблоидите во решавањето на проблемите. Вистинските мажи ги штитат своите жени од нивните непријатели, тие не ги здружуваат силите со нив против неа. Убаво велам, вистински мажи – напиша Карлеуша, а потоа продолжи:

Ако се повтори таква глупост, ќе бидам принудена да тужам. Апелирам до медиумите да не ги измислуваат моите зборови, а до адвокатот на таткото на моите деца да не ме предизвикува и да ме замолчува за да не се видиме на суд. Минатиот Божиќ повикав полиција поради семејно насилство, овој пат сум принудена да упатам ваков апел. Да ти се сневиди мојот Божиќ и мојот живот – напиша Јелена на својот инстаграм-профил.

Jelena Karleuša

Фото: Pruntscreen Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.