Убавата Италијанка му постави незгодно прашање: Ѓоковиќ се смееше, се нервираше, па го избегна одговорот (ВИДЕО)

Спорт

На церемонијата за претставување на осумте учесници на АТП финалето, Новак покажа завидно познавање на италијанскиот јазик и, за разлика од неговите колеги, разговараше со водителката Мелиса Сата на нејзиниот мајчин јазик.

„За мене е големо задоволство што играм овде, секогаш уживам да играм во Италија. Кога зборувам италијански, верувам дека на луѓето овде повеќе им се допаѓа. Ова е еден од најголемите турнири во нашиот спорт, најдобрите играчи на планетата. Истовремено, одговорност е да се подготвиш што е можно подобро и да го доведеш своето тело во најдобра состојба за крајот на годината. Последниот пат изгубив во полуфиналето, би сакал да направам чекор понатаму оваа година“, рече Новак, а потоа следеше незгодно прашање од убавата водителка.

Убавата Мелиса го праша за неговата навивачка ориентација, односно  што навива за ФК Милан.

„Ти си навивач на Милан, нели?“

„Не знам дали можам да го кажам тоа сега овде, да продолжиме“, низ насмевка изјави Новак.

Инаку, жителите на Торино се претежно навивачи на Торино и Јувентус.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во Црвената група на завршниот Мастерс турнир во Торино, и ќе се обиде да го освои по шести пат.

Последен пат Ѓоковиќ го освои овој трофеј во 2015 година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.