КАРДАШИЈАН да се подготват, почнува реалното шоу на семејството СТАЛОНЕ: „Луѓето ќе се шокираат“, Рамбо вака го најавува спектаклот

Шоубизнис

Наскоро започнува реалното шоу на семејството на Силвестер Сталоне. Како што рече познатиот актер на синоќешната премиера на “Tulsa King “ во Холивуд, тоа ќе биде бомбастична програма.

Сталоне беше на премиерата со сопругата Џенифер Флавин и нивните ќерки Систин и Софија (парот ја има и ќерката Скарлет). Познатите наследнички покажаа колкав стил имаат, а мама воодушеви со комбинацијата.

„Луѓето ќе бидат шокирани“, вели тој за новиот реалити проект во интервју за „Екстра“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Тој додаде дека се двоумел за учество во ваква емисија, но истакна: „Зошто не сега, туку кога ќе се пензионирате или кога сте при крај?“.

Тој рече дека реалното шоу ќе биде како вистински филм и дека ја прифатил понудата да учествува во тој формат поради семејството. Како што истакна, тој веќе освоил се, ги исполнил своите соништа, постигнал сè, сега е „нивно време“.

Веста за реалното шоу познатиот Рамбо ја објави на Инстаграм профилот на својот брат. Продуцент на програмата ќе биде Баним Мари, која работеше и на шоуто “Keeping up with the Kardashians“.

Пред само неколку месеци актерот и неговата сопруга се откажаа од разводот. Од доставувањето на документите до повлекувањето на таа одлука поминаа само неколку дена, па некои се сомневаат дека станува збор за маркетиншки трик како најава за претстојното реално шоу.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.