„Марија, дали конечно ќе ме поканиш на состанок?“: Јована Пајиќ првпат проговори за односот со Шерифовиќ, откри дали се во ВРСКА, спомна РАЗВОД

Шоубизнис

Пејачката Марија Шерифовиќ ја посети Верона со нејзината колешка и пријателка Јована Пајиќ, а за нивната врска често се шпекулира.

Нашето папарацо ги фати во шопинг, а со оглед на тоа што се шпекулира дека тие две се во тајна врска, Јована реши да стави точка на таа приказна.

Таа на Инстаграм напиша каков е навистина нејзиниот однос со Шерифовиќ.

„Никому не му паднало на памет да не стави во овој контекст повеќе од една деценија, а претпоставувам дека кога ќе се разведете, не сте ничија работа, па секој може да си ја чеша главата и да лепи етикети како што сака. Што се сум слушнала за себе последнава година ова му дојде како лимонада. Не сме во врска, ама признавам би било луда сензација! Марија предлагам или да ме поканиш конечно на состанок или да престанеме со дружење, што мислиш?“, гласеше пораката на Јована.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.