ТРАГЕДИЈА: ПОЗНАТА ЈУТУБЕРКА (22) УБИЕНА ОД ТАТКА СИ – Ѝ пресудил поради ОВА!

Страшно!

Јутјуберката Тиба ал Али од Ирак била убиена од нејзиниот татко, а злосторството предизвикало голем гнев во јавноста.

Тиба е убиена од својот татко на 31 јануари во јужната провинција Диванија, објави на Твитер портпаролот на Министерството за внатрешни работи Сад Ман.

Полицијата се обидела да посредува меѓу Тиба, која живеела во Турција, а отишла во посета на Ирак, и нејзините родители, за да го решат семејниот спор, соопшти Ман. Снимките од разговорите меѓу Тиба и нејзиниот татко покажуваат дека тој не бил задоволен од нејзината одлука да живее сама во Турција.

Затоа ја убил ќерка си кога дошла дома за празниците. Инаку, Тиба за својот канал на Јутјуб снимаше клипови на кои често се појавуваше нејзиниот свршеник. Според зборовите на далечните роднини, Тиба во 2017 година отпатувала во Турција со своето семејство, но одбила да се врати со нив во Ирак.

Нејзината смрт предизвика негодување меѓу Ирачаните на социјалните мрежи, кои повикаа на протести во Багдад за да побараат правда за убиството.

Жените во нашите општества се заложници на заостанатите обичаи поради отсуството на правни средства за одвраќање и владини мерки – кои во моментов не се сразмерни со големината на кривичното дело семејно насилство – напиша политичарката Ала Талабани на Твитер, пренесува The Times of Israel. 

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.