(ФОТО) Алесандра Амбросио заведува со овие фотографии

„Врели“ кадри

Getty Images

Бразилската убавица Алесандра Амбросио (38) ова лето одлучи да ужива на грчкиот остров Миконос, од каде ги „почести“ своите фанови со сексапилни фотографии.

Популарните личности ова лето го „окупираа“ ова познато летувалиште во Грција, а познатата манекенка одмора во друштво на своето момче, бизнисменот Никола Одиј (37).

Бразилската убавица веднаш отишла на плажа каде што се „пофалила“ со својата совршена фигура.

Алесандра објавила серија од фотографии на кои позира во минијатурни црвени бикини. Во прв план е нејзиниот сексапилен стомак.

Многу брзо потоа, следуваа уште три фотографии на кои Алесандра позира во предизвикувачки пози. За само неколку часа, бразилската убавица доби над 120 илјади лајкови.

https://www.instagram.com/p/Bz8DaiQF0t0/?utm_source=ig_embed

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.