На бившиот на Гоца Тржан му се заканува затвор
Поради неплаќање алиментација за ќерката
Иван Маринковиќ не се појави во Првото основно обвинителство во Белград заради тужбата што против него ја поднесе неговата бивша сопруга Гоца Тржан поради неплаќање алиментација за ќерката Лена.
Застапникот на поп-пејачката изјави за медиумите дека ќе побара тешка санкција.
Денес требаше да биде главниот претрес за кривичното дело недавање алиментација. Иван Маринковиќ веќе двапати е осуден со правосудна пресуда за истото кривично дело. Имаме попис на имотот, имаме се’, имаме и блокирање на сметката. Засега судот не успеа да го спроведе извршувањето на решението“, соопшти адвокатот на Гоца за „Курир.рс“.
Ова значи дека следната мерка би можела да биде затвор, бидејќи не е исполнета целта на казнувањето. Но судот треба да го процени тоа“, додаде адвокатот на пејачката и објасни дека месечната алиментација изнесува околу 100 евра и дека Иван речиси од разводот не ја плаќа.
Некој двапати го плати долгот што го имаше и тоа е единствениот начин тој да плати кога ќе му се заканат со затвор“, истакна адвокатот.
Како што пренесуваат медиумите, Иван Маринковиќ како причина за непојавување во судницата навел стомачен вирус, а неговиот адвокат му доставил на судот лекарско уверение. Исто така, вчеравечер, тој е виден во едно белградско кафуле, пренесува „Блиц.рс“.
Извор: Стори.рс
Фото: Инстаграм