Славниот холивудски комичар загина во сообраќајна несреќа: Сите ја обожаваа неговата улога во серијата „Вил и Грејс“

Шоубизнис

Познатиот американски актер и комичар Лесли Џордан загина во сообраќајна несреќа во Холивуд на 67-годишна возраст.

Надлежните служби веруваат дека Џордан претрпел некаква сериозна здравствена состојба кога изгубил контрола и удрил со својот автомобил во ѕидот на зградата. Актерот бил прогласен за мртов на местото на настанот.

Познатиот комичар на домашната публика и` е познат по улогата во серијата „Вил и Грејс“, за која во 2006 година ја освои „Еми“ наградата, а се појави и во сериите “Hearts Afire,” “The Cool Kids,” “Call Me Kat”, “American Horror Story”

Патем, за време на пандемијата со корона вирусот, Лесли стана еден вид интернет сензација. За многу краток временски период, неговите следбеници на Инстаграм скокнаа од 80.000 на 5,8 милиони, сето тоа благодарение на кратките, глупави, забавни видеа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.