Славната рокерка не може да го поднесе Бред Пит: Него го обвинува за својот животен неуспех и ја открива неговата МРАЧНА страна

Исповед на Кортни Лав

Поранешната сопруга на покојниот музичар Курт Кобејн, фронтменот на бендот Нирвана, го обвинува Бред Пит поради тоа што не ја добила главната женска улога во филмот Fight Club, бидејќи била условена на услуга што не сакала да ја исполни

Изгледа дека не се сите жени луди по Бред Пит, а меѓу нив е и американската музичарка и актерка Кортни Лав. Доволно е само да ѝ се спомне името на холивудскиот фраер за да полуди.

Причината зошто не го сака ја открила во подкастот на популарниот водител и стендап комичар Марк Марон.

Кога ја прашал зошто не може да го поднесе Бред, раскажала дека, според неа, тој е виновникот за нејзиниот неуспех во далечната 1999, кој сѐ уште ја боли. Таа требала да ја добие улогата на Марла во култниот филм Fight Club, меѓутоа, главната женска улога ѝ припаднала на британската актерка Хелена Бонам Картер. Рокерката и вдовица на легендарниот музичар Курт Кубејн останала со празни раце и за тоа го обвинува токму Бред.

Објаснила како тој се вплеткал во таа приказна. Режисерот на Fight Club, Гас Ван Сант, како замена за улогата на Марла ѝ побарал услуга. Побарал нејзина согласност за снимање биографска драма за Курт Кобејн, а во главната улога можел да го замисли само Бред Пит.

„Не би дозволила Бред да го глуми Курт“, изјавила Кортни Лав.

Според неа, одбивањето на молбата на Гас Ван Сант, ја чинела многу посакуваната улога, за што го обвинува Бред. Причината зошто верува дека еден од најзгодните фраери во забавната индустрија не е доволно добар за да го глуми нејзиниот покоен сопруг, не ја објаснила со конкретни аргументи. Накратко, може да се заклучи дека едноставно не ѝ се допаѓа.

Појаснила дека не станува збор за филмот Last Days што Ван Сант го снимил во 2005 година, а е инспириран од фронтменот на Нирвана, кој во 1994 година трагично почина на 27-годишна возраст. Подоцна, продуцентите, меѓу кои се нашол и Бред Пит, ја замолиле за согласност да снимаат филм инспириран од нејзиниот живот, во кој, секако, би се работело за Курт Кобејн (насловот на проектот бил In Bloom, според познатата песна на Нирвана).

И тоа го одбила поради антипатијата што ја чувствува кон славниот актер. Бред се нема огласено во врска со ова.

Бред Пит не го шминка само лицето, туку и ЗАДНИКОТ: Шминкерите останале во ШОК кога актерот побарал таква услуга!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.