Вака треба да изгледа зрела жена на 46 години во костим за капење: За неа многумина велат дека е најсреќната дама во Холивуд

Сопругата на Саша Барон Коен

Ајла Фишер (46) моментално ужива на Барбадос со сопругот Саша Барон Коен, со кого е во хармоничен брак повеќе од 12 години

Ајла Фишер деновиве ужива на Барбадос, а светот го обиколија фотографии на кои е во едноделен костим за капење. Друштво ѝ прави нејзиниот сопруг Саша Барон Коен, а многумина сметаат дека токму Ајла е една од најсреќните жени во Холивуд.

Имено, Ајла и Саша се запознале во 2002 година и по една година врска, се венчале во 2010 година. Двојката има три деца и многу среќен брак.

Во една пригода, комичарот Саша Барон Коен изјавил дека веднаш се вљубил во Ајла штом ја видел, додека нејзе ѝ требало малку повеќе време.

„Не знам зошто го кажа тоа, бидејќи јас веднаш знаев дека тоа е љубов на прв поглед“, раскажала Ајла која вели дека многумина ѝ честитаат поради 20-годишната врска со Саша.

„Во Холивуд тоа е како да славиме златна свадба“, раскажала таа.

Јавноста ја сака Фишер и поради нејзиниот природен изглед, како и поради тоа што нема преголема желба да ја сочува младоста по секоја цена. Нејзиното тело е вито, но не е преслабо, додека сѐ уште нема користено ботокс и филери за да ги измазни брчките.

„Вака изгледа една зрела и задоволна жена“, коментирале нејзините обожаватели.

Погледнете како изгледа Ајла на одмор…

Вака изгледа телото на жената на која мажите не можат да ѝ одолеат: Таа има 47 години, но сè уште е бомба на плажа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.