Сите се воодушевени од божиќната честитка на принц Вилијам и Кејт Мидлтон: Фотографија што ќе ви го стопи срцето!

Прекрасно!

Цело семејство на куп

Познато е дека најдобрите семејни фотографии ги прави Кејт Мидлтон. Така било и овој пат, кога искористила една од тие фотографии за да направи божиќна честитка

На споменатата фотографија, која е црно-бела, прикажани се принц Вилијам кој го бакнува принцот Луис во образ, принцезата Шарлот која го држи малиот брат и принцот Џорџ кој седи на столче.

https://www.instagram.com/p/B6eXqjIlOvk/?utm_source=ig_embed

Војвотката од Кембриџ на почетокот од оваа година била прогласена за заштитничка на Кралското фотографско друштво, со оглед на тоа дека има силна страст кон фотографијата.

Кејт дипломирала историја на уметност и неколку пат добила јавни пофалби за одличните фотографии од своето семејство. Речиси сите фотографии од родендени и тргнувања на децата во градинка или на училиште, се направени од страна на Кејт.

Кејт ја почнала традицијата во 2015 година, кога самата ја фотографирала принцезата Шарлот, наместо да најми фотограф.

Новата божиќна честитка од војводата и војвотката од Кембриџ се појавила само еден ден по објавата на божиќната честитка од војводата и војвотката од Сасекс.

И двете фотографии се црно-бели и прикажуваат насмеани и среќни деца.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.