Beauty Party во Anabella City Mall со најдобрите мејк ап артисти

Кои се актуелните мејкап трендови за новогодишната ноќ?

Новогодишната ноќ е посебна и сите сакаме да изгледаме прекрасно. Дел од подготовките за разубавување ја вклучуваат секако и шминката.

Кои се актуелните мејкап трендови за новогодишната ноќ?

Токму на оваа тема, вчера во парфимеријата Anabella во Скопје Сити Мол се одржа Beauty MAKE UP Party, настан посветен на убавината.

Сето ова беше пренесено директно од нашите најдобри мејкап артисти Дадар, Зоран Шурбевски, Дарко Мишовски, Миа Арабаџиева и Сим Салтирова.

Нивната умешност во допир со брендовите Dior, Bobbi Brown, Estee Lauder, Shiseido и Clarins беа задолжени за финалните мејк ап новогодишни изгледи кои ги презентираа македонските инфлуенсерки Маринела Милошевска, Антонија Локвенец, Миа Костова, Ангела Ѓорѓиева и Ксенија Деспотовска во улога на модели.

Меѓу гостите беа дел од македонските медиуми кои уживаа во глетката заедно со останатите намерни и случајни минувачи во парфимеријата Anabella.

Дел од гостите беа и македонските медиуми кои сведочеа на процесот на разубавување и се забавуваа заедно со останатите намерни и случајни минувачи во парфимеријата Anabella.

Погледнете го конечниот изглед на инфлуенсерките.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.