СИНА КРВ: Овие 9 познати личности имаат кралско потекло

Според Find My Past

Меган Маркл била благородничка и пред бракот, а погледнете кои други познати личности се поврзани со кралицата Елизабета.

Некои познати личности имаат толку блескави и успешни кариери што се сметаат за благоросници на Холивуд, со полно право. Сепак изненадувачки број познати личности имаат различни наследни врски со монархијата.

Ви пренесуваме познати личности за кои можеби не сте знаеле дека имаат кралско наследство, а сето тоа го откри сајтот FindMyPast:

Хилари Даф

Оваа млада актерка има статус на најблиска американска позната роднина на кралицата Елизабета Втора. По тој повод, Хилари го доби прекарот „кралската славна личност на Америка“. Даф е братучетка на кралицата во 18-та генерација, преку британскиот командант Александар Спотсвуд, десеттиот правнук на Едвард Трети.

Ума Турман

Оскаровката и ѕвезда на „Убивајќи го Бил“ е братучетка на кралицата од 21-та генерација, преку нејзиниот предок, кралот Едвард I од Англија.

Анџелина Џоли

Мајката на Анџелина, Мари Бертран, е потомок на француската кралска линија. Нејзините потомци потекнуваат од Филип II, син на Луј VII, францускиот крал од 12 век. Ова ја поврзува Џоли со Мари од Франција, влијателна француска принцеза од тоа време и полусестра на Филип. Актерката ѝ е роднина на кралицата Елизабета Втора – 26-та генерација.

Елен Деџенерис

Елен Деџенерис и Кејт Мидлтон, идната англиска кралица, се далечни братучетки. Сето тоа благодарение на семејната врска со Сер Томас Ферфакс. Деџенерис се обиде да ја искористи оваа семејна врска за да добие пристап до малиот принц Џорџ.

Во една прилгода изјави:

Имам линија на облека, можам да му дадам нешто, дури можам да му направам посебна наметка.

Тилда Свинтон

Потеклото на оваа актерка со андроген изглед е добро познато на сите што го гледале филмот „Храбро срце“. Шкотскиот крал, кој го порази Едвард I и го презеде шкотското кралство во 14 век, познатата актерка е негов директен потомок.

Џони Деп

Најпознат по улогата на капетанот Спароу, Џони е уште еден далечен роднина на британската кралица, 20-та генерација.

Брук Шилдс

Американската актерка Брук Шилдс има сина крв. Таа ѝ е втора најблиска американска роднина на кралицата Елизабета Втора, по Хилари Даф. Има имиња и во нејзиното семејно стебло. Француската аристократија, како Карло Велики и Ел Сид, Вилијам Освојувачот, Катерина де Медичи, како и кралот Харолд.

Бијонсе

Не само што го носи прекарот „кралицата Би“, оваа икона е исто така потомок, 25-та генерација на кралицата Елизабета Втора. Можеме само да замислиме како би изгледала Бијонсе на кралскиот трон, со сиот богат накит и кралски стајлинг.

Меган Маркл

Дури и пред официјално да стане дел од кралското семејство, самата Меган имаше врски со аристократијата. Имено, од татковата страна, еден потомок има кралско потекло. Неговото име е Вилијам Скипер, кој емигрирал во Бостон во 1639 година и е потомок на англискиот крал Едвард III. Скипер е ѝ прв братучед на Маргарет Кердестон, сопруга на француски благородник.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.