Што кажал Доналд Трамп за Меган по експлозивното интервју: Не сакал јавноста да дознае за ова!

Откриено!

Поранешниот соработник на Трамп гостувал во еден подкаст и рекол дека поранешниот американски претседател за малку ќе го изнесел своето мислење, но на крајот сфатил дека тоа не е добра идеја

Доналд Трамп не сакал јавно да го коментира интервјуто на Меган Маркл и принц Хари, бидејќи се плашел дека ќе го уништат како Пирс Морган, открил неговиот поранешен соработник Џејсон Милер.

Тој гостувајќи во еден подкаст рекол дека Трамп за малку ќе го споделел своето мислење, но на крајот сепак заклучил дека тоа не е добра идеја.

„Кога утрината зборував со претседателот, кажа: ‘Да, таа не е добра. Го имам кажано тоа и претходно, но сега сите го гледаат. Но ако кажеш нешто негативно за неа, ќе те уништат. Погледни го Пирс’“, ги прераскажал зборовите на Трамп.

Имено, британскиот водител Пирс Морган дал отказ од емисијата Good Morning Britain, бидејќи го нападнале поради изјавата за војвотката од Сасекс.

Морган е еден од најпознатите хејтери на Меган, а во емисијата отворен зборувал дека не ѝ верува ни збор од интервјуто и ги нападнал неа и Хари поради непочитување на монархијата.

Во еден момент го напуштил студиото среде емисија за време на расправија со колегата Алекс Клаш, а подоцна кажал дека нема ни да се враќа во емисијата.

Ниту Трамп не е голем обожавател на Меган Маркл.

„Не сум фан на Меган Маркл. Исто така, би сакал да го кажам уште ова, а сигурно нема да им биде првпат да го слушнат ова: Му посакувам на Хари многу среќа со неа во бракот, бидејќи сигурно ќе му треба“, рекол тој во 2020 на една конференција за медиуми во Белата куќа.

Една година претходно наводно ја нарекол „лошка“, но подоцна го демантирал тоа.

Меган Маркл сака да стане првата жена претседател на САД?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.