Шон Конери бил насилник претставен како светец: Ја тепал жена му, ѝ забранувал да работи и ја оставал без пари!

Легендата за Шон Конери како згоден, харизматичен и вистински маж, ќе продолжи да живее, но постои и другата негова страна што не смее да се занемари

Пред помалку од две недели, Шон Конери починал во сон. На возраст од 90 години си замина актерот, кој беше најпознат по улогата на Џејмс Бонд.

Водејќи се по изреката „за покојните сè најдобро“, многумина направија светец од Шон Конери, но тој бил далеку од тоа.

Имено, Шон во две интервјуа признал дека не гледа ништо лошо во тоа некој да ја удира својата жена, а подоцна, секако, сето тоа го демантирал. Жестоко ги негирал изјавите на својата прва сопруга Дајана Силенто дека ја тепал во текот на нивниот брак долг 11 години.

Меѓутоа, сите ѝ верувале на Дајана Силенто, бидејќи несреќната жена долго време имала модрици на лицето, како сведоштво за насилството во бракот.

Додека Шон Конери сè уште бил многу млад актер, го следела репутација на човек со тежок карактер и склоност на насилство.

Во 1958 година, Шон Конери снимал филм со Лана Турнер. Ненадејно, на снимањето се појавил Џони Стомпанато, вперил пиштол во Конери и му кажал да се тргне од Лана. Конери го зграбил пиштолот и му ја свиткал рака на Стомпанато. Гангстерот побегнал.

Пријател близок на Дајана Силенто тврди дека таа често имала модрици на окото и отечено лице, кое го криела под слоеви шминка. Дајана не била слаба жена, но уште тогаш било јасно дека станала жртва на насилство во семејството.

Во тоа време Шон Конери веќе снимил три филма за Џејмс Бонд и бил исклучително популарен актер.

На прославата, по успешното завршување на еден од филмовите, Дајана Силенто славела со колегите.

„Ми се чинеше како мојата чаша со сангрија да нема дно. Колку повеќе пиев толку потечен ми стануваше шпанскиот. Јасно се сеќавам на купот луѓе кои ме тапкаа и ме бодреа додека се вртев во ритамот на фламенко. Го побарав Конери со поглед, но не можев да го видам. Тогаш, одеднаш пред мене се појави неговото намуртено лице. Додека се качувавме по скалите до нашата соба, сфатив дека е доцна.

Влегувајќи внатре, во мрак, почувствував удар на лице кој ме турна на подот. Се сеќавам дека и двајцата викавме. Станав и се обидов да му го возвратам ударот, но уште еден удар повторно ме собори на подот.“

Успеав да се одвлечам во тоалетот и да ја заклучам вратата. Ноќта ја поминав цимолејќи, склопчена на пешкирите на подот од бањата.

Кога утрината се погледнав во огледало, се згрозив. Бев сигурна дека моето лице веќе никогаш нема да биде исто. Бев полна со срам, очај и не сакав колегите да ме видат ваква. Морав да се скријам од актерите, екипата, медиумите… Една моја фотографија во ваква состојба би отворила многу теми“, раскажувала поранешната сопруга на Шон Конери.

„Конери уште спиеше кога се искрадов од собата. Изнајмив автомобил и се одвезов до Малага.

Сè што знаев и чувствував беше разнишано и уништено. Моето верување дека Шон е мојот заштитник, единствената личност на која можам да ѝ се обратам во време на криза, беше срушено. Иако сè уште длабоко го сакав Шон, тој никогаш повеќе не беше истата личност за мене…

Кога таа вечер му се јавив на Шон за да му кажам каде сум, не плачев и не зборував ништо за моите чувства. Бев официјална и му кажав дека ќе му се придружам по една недела, кога ќе ми заврши снимањето. Никој од нас не кажа ни збор за она што се случи претходната вечер.,

Настанот од хотелската соба беше табу тема за нас.

Никогаш не зборував за тоа, сè додека не го видов интервјуто на Шон за ‘Плејбој’ во 1965 година.

Во тоа интервју, Шон кажа: ‘Мислам дека нема ништо погрешно во удирањето жена – иако не препорачувам да го правите тоа на истиот начин како кога би удирале маж. Шлаканицата е оправдана ако сите алтернативи се потрошени и ако претходно била предупредена неколку пати’“, се присетила Дајана Силенто во нејзината автобиографија.

„Кога го прочитав тоа интервју, се разгневив бидејќи излезе како јас молкум да сум се согласила на насилство. А Конери тогаш беше пример за сите мажи.“

Подоцна, Шон Конери ги демантирал наводите во „Плејбој“.

Во 1993 година, во еден американски магазин излегло интервју слично на она во „Плејбој“.

„Постојат жени што ти ја погодуваат таа жичка. Тоа е она што тие го бараат, крајна конфронтација. Тие сакаат шлаканица.“

Шон Конери и Дајана Силенто се развеле во 1960 година. Покрај насилството, Шон бил крајно скржав во бракот. Не ѝ дозволувал на Дајана да снима филмови, одбивал да ѝ даде пари за домот и ја оставал во долгови и во сиромаштија.

Дајана починала од рак во 2011 година во 79-та година од животот. Со Шон Конери имала син Џејсон.

Дајана во една пригода за медиумите изјавила дека Конери му кажал на синот да се занимава со глума, бидејќи се презива Конери, па би можел и да постигне нешто, но нема да му даде ништо од своето богатство. Конери жестоко ги негирал овие наводи, нарекувајќи ја Дајана „луда жена“.

Легендата за Шон Конери како згоден, харизматичен и вистински маж ќе продолжи да живее, но постои и онаа друга негова страна, што не смее да се занемари.

Вдовицата на Шон Конери во тежок проблем: Можно е да заврши во затвор
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.