Дознајте кои се некои од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Food категоријата
Во тек е пријавувањето за „У&З Инфлуенсер авардс 2020“ чиј главен покровител е „Виолета“.
Кои девојки и момци ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи и кои ќе се појават на насловната страница на „Убавина и здравје“?
Вашите омилени инфлуенсери, или вие самите доколку мислите дека имате интересен профил можете да се пријавите до 15 ноември. Гласањето ќе започне на 15 декември ќе трае 3 дена и во комбинација со гласовите од жирито ќе бидат прогласени победниците. Среќно!
View this post on Instagram
Главен покровител на конкурсот е „Виолета“, а ова се дел од учесниците во Food категоријата.
Martina’s cooking
Мартина Трајаноска е 20-годишна студентка по прехрамбена технологија и биотехнологија која својот Инстаграм профил го има претворено во совршено кретивно катче исполнето со инспирација за вашиот следен оброк. Секоја објава, рецепт и фотографија се исполнети со љубов, труд и внимание. Ужива додека ги прави, фотографира и споделува рецептите, а со тоа и им помага на повеќемина за повеќе идеи за брзи, здрави и лесни оброци.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Dave’s kitchen
Давор Панчевски, познат како Dave’s kitchen, е дипломиран економист кој својата пасија ја има пронајдено во готвењето. Израснат во семејство каде секој среќен момент бил споделен на трпезата и инспириран од готвењето на својата мајка, пред пет години започнува да ги споделува своите рецепти на социјалните медиуми. На неговиот Инстаграм профил ќе најдете вкусни и разнобојни појадоци, брзи и лесни идеи за ручек и фасцинантни десерти кои воодушевуваат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Cooking with Branko
Бранко Попоски веќе две години своето секојдневие го исполнува со вкусна храна и забавни настани во склоп на неговиот проект „Cooking with Branko“. Најново и најактуелно е кулинарското шоу „1001 Оброк“ на „Алсат телевизија“ во кое секоја сабота и недела готви со познати ликови од македонската сцена, како и проектот #НиеСмеПосилни со кој секојдневно споделува рецепти со фокус на внесување на витамини и минерали преку храната сѐ со цел силен и стабилен имунитет во овој период.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.