Десерт што ќе ве одведе во Италија: Сицилијански каноли

Гастро-мајстори

Пробајте го овој превкусен десерт на Давор Панчевски

Овие неодоливи сицилијански каноли што ни ги приготви гастро-мајсторот Давор Панчевски се совршени како десерт. Посетете го неговиот профил на Инстаграм @daveskitchenofficial и пробајте ги неговите вкусни рецепти.

Состојки:

За тестото:

  • 120 г брашно
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат цимет
  • 1 лажица маргарин
  • јајце, на собна температура
  • 1 лажица црвено вино
  • 1 лажиче оцет
  • 1 лажиче вода

За филот:

  • 200 г рикота или несолена урда
  • 100 г шеќер во прав
  • 1/2 лажиче екстракт од рум
  • 1 лажиче кора од лимон
Приготвување:

1. Измешајте ги сите состојки за тестото во длабок сад и замесете меко и мазно тесто.

2. Завиткајте го тестото во хартија за свежа храна и оставете го да се стегне во ладилник околу 1 час или во замрзнувач 20-30 минути.

3. Расукајте го тестото многу тенко и со кружен калап за колачиња пресечете форми. Секое парче од тестото ставете го во калапи за каноли, а доколку немате, можете да ги направите со помош на алуминиумска фолија, само премачкајте ги со масло пред да го ставите тестото, за да не се залепи.

4. Пржете ги канолите 2-3 минути од секоја страна и тргнете ги настрана. Отстранете ги канолите од калапите и оставете ги да се оладат.

5. Краевите на секое парче од канолите потопете ги во растопено чоколадо и веднаш посипете сечкани ф’стаци.

6. За да го приготвите филот, во сад измешајте ги рикотата, шеќерот во прав, румот и кората од лимон. Со готварски шприц нанесете од филот во канолите. Добар апетит и забавно готвење!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.