Шокантна изјава на Мадона: „Руската влада ме казни милион долари поради поддршката на геј-заедницата. Никогаш не им платив“

Активистите поднеле тужба

Поп-пејачката Мадона на својот твитер-профил објави нешто што дигна голем прав во јавноста.

Владата ме казни со милион долари поради поддршката на геј-заедницата. Никогаш не им платив”, се „пофали“ Мадона.

Заедничката прес-служба на градските судови соопштила дека Окружниот суд во Москва во 2012-та година не ја ни казнил Мадона по тужбата која активистите ја поднеле против неа.

Кон средината на август 2012-та година, активистите поднеле тужба против пејачката за надомест за морална штета, како и до организаторите на нејзиниот концерт во северната престолнина – Санкт Петербург, сметајќи дека се навредени од нејзиниот настап на концертот во знак на поддршка на сексуалните малцинства. Секоја тужба предвидувала казна од 37 милиони рублји.

 

Фото: Twitter, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.