Амбер Херд го возвраќа ударот: „Се плашев дека Џони Деп ќе ме убие!“

Сагата продолжува

Амбер Хард (34) ги отфрли обвинувањата на бившиот сопруг Џони Деп (45) дека во време на нивниот брак имала љубовна афера со Елон Маск.

Таа пред судот изјави дека Деп ја нападнал најмалку 14 пати и ѝ се заканувал дека ќе ја убие.

Сведочеше дека ја удирал по рацете, главата, нозете, а за време на љубоморните напади на бес, бил под влијание на алкохол и дрога.

Деп, кој го тужи таблоидот „Сан“, ги отфрли овие наводи и побара отштета за клевета.

Хард, меѓутоа, тврди дека Деп ја обвинувал за афера со други актери и дека беснеел од љубомора.

Од друга страна, пак, Малком Коноли, телохранител на  Џони Деп, на судењето откри дека ја измислил приказната за тоа како холивудскиот актер го повредил прстот во 2015 година за време на престојот во Австралија и дека го направиле тоа за да ја заштитат неговата тогашна сопруга Амбер Херд од со лош публицитет поради насилничкиот однос кон сопругот.

Повеќе инфотмации можете да прочитате ТУКА.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.