Шерон Стоун ја удрил гром: Актерката завршила во болница

Детали од морничавата случка

Фото: Getty Images

Неодамна, во рамките на еден подкаст, Шерон Стоун раскажа дека ја удрил гром.  Популарната актерка објасни дека во таа пригода ја прелетала целата кујна.

Бев дома и ставав вода во пеглата. Едната рака ми беше на чешмата, а другата на пеглата и одеднаш удри гром, а водата беше негов спроводник. Летнав низ целата кујна и удрив во фрижидерот“, раскажа 62-годишната ѕвезда на филмот „Основен инстинкт“.

Мајка и’ веднаш ја однела во болница за да ја прегледа лекар.

 

ЕКГ покажа голем електрицитет во моето тело, па десет дена по ред ми го повторуваа испитувањето на срцевиот ритам“, откри Шерон, и додаде дека е среќна што е воопшто жива, земајќи предвид дека имала „блиска средба со смртта“. Но тоа не е се’. Освен ударот од гром, актерката откри дека еднаш се исекла на вратот и за малку не ги закачила каротидите, а во 2001 година доживеа мозочен удар поради прскање на аневризма во мозокот.

Фото: Instagram, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.