Се заиграле со фотошоп: Овие познати дами во реалноста воопшто не личат на убавиците од фотографиите!

Лажна реалност

Малите корекции се сосема во ред, но некои ѕвезди отишле чекор подалеку, па на фотографиите на социјалните мрежи се речиси непрепознатливи

Со напредокот на технологијата ни станаа достапни и програмите за обработка на фотографии. Со тоа се промени и начинот на кој им се претставуваме на своите најблиски, но и на целиот свет преку социјалните мрежи.

Благодарение на фотошопот и сличните програми за корекција, може драстично да се промени изгледот – да се зголемат усните, да се испеглаат брчките, да се истакнат јаболчиците на лицето, да се истанчат образите, да се закосат очите…

Придобивките на овие програми ги користат речиси сите ѕвезди, но некои знаат и да претераат во тоа. Иако тие промени се повеќе од очигледни, тоа не ги сопира секојдневно да им сервираат лажна слика за својот изглед на своите следбеници. Овие 4 дами убедливо водат кога станува збор за обработување на фотографиите…

Клои Кардашијан се најде на мета на остри критики, токму поради оваа фотографија. Многумина се запрашале зошто го прави ова кога очигледно е дека во реалноста не изгледа така.

Во обработката на фотографиите не заостанува ниту нејзината помлада сестра, Кендал Џенер. Таа не се двоуми дали да го подобри личниот опис во некој од програмите. Иако сме ја гледале и без шминка и во потполно опуштено издание, кога станува збор за фотографиите на социјалните мрежи, тука сѐ мора да биде совршено.

Манекенката Бела Хадид исто така често се наоѓа на удар на критика поради фотографиите што ги објавува.

Најдрастична разлика во изгледот може да се забележи кај пејачката Иги Азилија. Шминка или фотошоп, проценете сами.

„Кралицата на Фотошопот“ го покажа целулитот (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.